Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска одамна потфрли во својата должност, а сега таа станува штетна за сите скопјани, велат од Алијансата за Албанците.
По неправедното отпуштање на вработени во јавните претпријатија, сега го блокираше и јавниот превоз, наштетувајќи им на приватните превозници и на сите граѓани на Скопје.
Би упатиле повици да се реши проблемот, но Арсовска веќе ја докажа својата неспособност и лошо менаџирање, па како единствено решение кое го гледаме за сите проблеми е нејзината итна оставка.
Алијанса за Албанците проценува дека главниот град не смее да остане во ваква хаотична состојба, злоупотребен поради инаети и лични и кланови интереси, туку бездруго треба да се стави во служба на граѓаните на Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.