Претставата „Лекција“ од Ежен Јонеско, во режија на Ѓорѓи Ризески вечерва ќе гостува на сцената на театарот „Битеф“ во Белград. Гостувањето на претставата е во рамките на Месецот на независната сцена. Претставата чија премиера беше лани, е во копрпдукција помеѓу Mozion network и театарот „Ацо Шопов“ од Штип.

Улогите ги толкуваат: Ефтим Трајчов Ѓаурски, Димитрина Мицкоска Трајкоска и Милорад Ангелов.

Сценографија е на Трајчов Ѓаурски и на режисерот Ризески, костимите се колективно дело, а музиката е на Антонио Ристески. Кореографијата е на Бојан Мицев, за плакатот се погрижи Александар Вржалски, а фотограф е Александар Ефремов.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.