Шефот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, планирал да уапси двајца највисоки руски воени функционери кога го почна својот марш, објави „Волстрит журнал“.
Според извештаите, заговорот на Пригожин вклучувал апсење на министерот за одбрана, Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов, за време на нивната посета на пограничната област, јавува „Си-Ен-Ен“.
Во извештаите се додава дека Федералната служба за безбедност (ФСБ) дознала за заговорот два дена пред тој да се случи, принудувајќи го Пригожин во последен момент да ги промени своите планови и наместо тоа да маршира кон Москва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.