Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека Русија ќе направи сè што е потребно експертите од Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ) да ја посетат нуклеарната електрана Запорожје.
– Таа ги осуди „обидите да се попречи пристигнувањето на мисијата“.
– Остро ги осудуваме обидите да се попречи пристигнувањето на мисијата. Во тесна соработка со МААЕ и нејзиното раководство, ќе направиме сè што е потребно експертите на Агенцијата да ја посетат нуклеарната централа и да дадат вистинска оценка за деструктивните дејствија на украинската страна, посочи Захарова.
Таа додаде дека официјален Киев „несоодветните изјави кои доаѓаат една по една од Европската Унија во обид да се освојат имагинарни политички поени“ ги разбира како „зелено светло“ за создавање пречки за пристигнувањето на мисијата на МААЕ во Запорожје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.