Реал Мадрид го надмина Манчестер сити во рангирањето на најпрофитабилните фудбалски клубови на крајот од сезоната 2022/23, објави „Deloitte“.

Приходите на мадридскиот клуб изнесуваат 831 милион евра, што е за 118 милиони евра повеќе во однос на сезоната 2021/22.

Шпанскиот клуб се најде на врвот на ранг-листата за прв пат по сезоната 2017/18. Растот на приходите беше поттикнат од силните перформанси на малопродажбата, зголемената посетеност на стадионите и обновувањето на приходите од спонзорството по олеснувањето на ограничувањата за коронавирус.

Реал Мадрид го надмина Манчестер сити (826 милиони евра). Следуваат ПСЖ (802 милиони евра), Барселона (800 милиони евра) и Манчестер јунајтед (746 милиони евра).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.