Престанува мандатот на досегашниот директор на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, Перо Арсеновски, а за вршител на должноста директор е назначена Магдалена Петревска.
Од општина Аеродром информираат дека иако тој бил повторно предложен да раководи со најголемото училиште во Аеродром, градоначалникот Тимчо Муцунски, „од етички и морални причини одбил да го именува на таа функција, со цел заштита и одржување на угледот на училиштето, на наставниот кадар и на самите ученици“.
За претходниот директор на ООУ „Лазо Ангеловски“ имаше бројни поплаки. Тој со своето однесување предизвика бурни реакции во јавноста и нанесе голема штета на училиштето во кое со децении наназад работат врвни професионалци. Децата се нашата иднина, а одговорноста е на сите нас да им обезбедиме безгрижно детство и најдобри услови за нивниот правилен раст, развој и квалитетно образование водено и спроведено од професионален и посветен кадар – се наведува во соопштението на општина Аеродром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.