Тројца руски космонаути денеска со ракетата „Сојуз“ полетаа кон Меѓународната вселенска станица (МВС), во момент кога меѓу Русија и западните земји постои екстремна тензија поради конфликтот во Украина.

Екипажот предводен од искусниот космонаут Олег Артемиев, придружуван од Денис Матвеев и Сергеј Корсаков, полета кон МВС, каде што ќе пристигнат по три часови лет.

На МВС ќе ги пречека тим составен од двајца Руси, четворица Американци и еден Германец, според снимките објавени од НАСА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.