Украинците се уште се чувствуваат како Руси, а ова што се случува е елемент на граѓанска војна. Западот смета дека борбите во Украина засекогаш одвоиле еден дел од рускиот народ од друг, но обединувањето ќе се случи, објасни рускиот лидер, во интервјуто за Карлсон.

Рускиот лидер рече дека Украинците имаат право да се сметаат себеси за посебен народ, но не врз основа на нацизмот и нацистичката идеологија.

„Јас велам дека тоа е дел од една руска нација, тие велат: не, ние сме посебна нација. Добро. Ако некој се смета себеси за посебна нација, има право на тоа. Но, не врз основа на нацизмот и нацистичката идеологија“, рече Путин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.