Рускиот претседател Владимир Путин во интервју за рускиот весник „Комерсант“, доцна синоќа, кажа дека на платениците од групата „Вагнер“ им понудил можност да продолжат да служат во редовната руска армија.

Путин кажа дека понудата ја дал на состанокот со борците и нивниот основач Евгениј Пригожин кон крајот на минатиот месец, пет дена откако „Вагнер“ го почна неуспешниот бунт против руската воена хиерархија.

Бунтот заврши со тоа што Москва им понуди можност на борците на Пригожин да се префрлат во соседна Белорусија.

Тој, исто така, кажа дека сега рускиот Парламент и владата треба да разговараат за правната рамка за приватните армии.

„Вагнер не постои“, изјави Путин за весникот. „Не постои закон за приватни воени организации. Тој едноставно не постои“, рече рускиот претседател во интервјуот за „Комерсант“, пренесен од британските медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.