Рускиот претседател Владимир Путин на граѓаните на таа земја им го честиташе Денот на Русија.

Овој празник го одбележува денот кога земјата доби суверенитет пред неколку децении по потпишувањето на Декларацијата за државен суверенитет на Русија во 1990 година.

„Овој празник ја претставува нашата голема историја и славата на татковината, го зајакнува единството на нашиот мултиетнички народ и нашата посветеност на земјата и топлиот, душевен однос кон нашата сакана татковина. На сите ви го честитам празникот, денот на Русија“, рече Путин.

„Денес, во ова тешко време за Русија, таквите топли чувства уште посилно го обединуваат нашето општество и претставуваат силна поддршка за нашите херои“ на фронтот, рече Путин.

Претседателот на Руската Федерација потсети на големата жртва и напор на предците на рускиот народ и нагласи дека за Русија „таквото наследство е свето“ и дека Русите се „верни на тие традиции“.

„Патриотизмот и одговорноста за судбината на татковината се чувства што ни ги оставиле нашите предци, кои постигнале грандиозни работнички и воени победи. Сега сме особено свесни за важноста на нивните достигнувања и нивната голема решеност да застанат во одбрана на нивнате родна земја“.

За време на денешниот настан, Путин традиционално ги доделува државните награди и златниот медал „Херој на трудот“.

„Ви благодарам за вашата служба за татковината. Успеавте да го достигнете врвот на вашата професија“, рече тој за време на доделувањето на наградите.

Титулата Херој на трудот ја доби Татјана Бабурова, училишна наставничка, Александар Иноземцев, генерален директор на компанијата „ОДК-Авијадвигатељ“, академик на Руската академија на науките и раководител на центарот за двојна технологија „Сајуз“ Јуриј Миљехин. генералниот директор на акционерското друштво „Бијскаја љанаја фабрика“ Лев Каљонав и рударот од Руската Федерација Едуард Шчербина.

Државната награда за достигнувања во областа на науката и технологијата за 2022 година му беше доделена на Дмитриј Пушкар за развој на минимално инвазивна метода за хируршки третман на онколошки заболувања. Истата награда ја доби и онколошкиот хирург Игор Катков, потоа главниот лекар на Градската клиничка болница С.П.Боткин, Алексеј Шабунин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.