Полицијата изврши денеска претрес во канцелариите на Фудбалската федерација на Шпанија во рамки на судската истрага дела Барселона, наводно, со години му префрлала милионски суми на потпретседателот на Судискиот комитет на Ла Лига.
Полицијата соопшти дека никој не е уапсен и оти постапува по налог на судијата кој го истражува случајот.
Државните обвинители во март ја обвинија Барселона за корупција во спортот и фалсификување документи, наведувајќи дека каталонскиот клуб му исплатил 7,3 милиони евра на поранешниот фудбалски судија Хозе Марија Енрикес Негреиро. Тој беше член на Судискиот совет од 1994 до 2018 година, а исплатите, наводно, биле извршени во периодот меѓу 2001 и 2018 година.
Барселона ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека вршела исплати за технички извештаи за судиите, но никогаш не се обидела да влијае врз нивните одлуки на натпреварите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.