Претседателот Стево Пендаровски ја прими Ана Стојаноска, уметнички директор и претседател на Собранието на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. На средбата, Стојаноска го информирала претседателот Пендаровски за тековните активности во насока на организирање на овогодинешното издание на фестивалот којшто ќе се одржи од 7 до 14 јуни во Прилеп.
Истакнувајќи дека од минатата година концептот на „Војдан Чернодрински“ е „Враќање дома“, Стојаноска посочи дека целта на најстариот театарски фестивал е симболично да ги врати дома сите театарски уметници, а Прилеп да биде град на театарот, информираат од кабинетот на Пендаровски.
Говорејќи за дел од предизвиците со кои се соочуваат, Стојаноска подвлекла дека на фестивалот во континуитет се изведуваат најдобрите театарски остварувања од македонска театарска продукција и се афирмира македонското драмско творештво.
На средбата, потенцирајќи дека одржувањето на фестивалот е од државен интерес, Пендаровски потенцирал дека е особено важно да се продолжи речиси шест децениската традицијата на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.