Регулаторната комисија за енергетика в петок (29.07) ќе одлучува за цената на парното, којашто ќе зависи од цената на гасот кој е двојно поскап од лани.
Сите најави во Европа се дека доаѓа тешка зима, што ги подгреа стравувањата од проблеми за затоплување на домовите на граѓаните, со оглед на цените на енергенсите кои вртоглаво растат.
Ситуацијата во земјава е дополнително позагрижувачка поради раскинувањето на договорот со Балкан енерџи груп (БЕГ) кој досега беше задолжен за затоплувањето на скопјани. Владата најави распишување на отворен повик за компанија која ќе ја преземе обврската, а во краен случај се најавува можноста грижата за парното да биде префрлена на државната компанија Електрани на Македонија (ЕСМ).
До ваков развој на настаните дојде откако Регулаторната комисија за енергетика во јуни ги одзеде трите лиценците на „Балкан енерџи груп“ (БЕГ).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.