Македонската пејачка Дина Јашари деновиве ја промовира својата нова песна „Не сум твој сон”. Автор на музиката и текстот е Дина, аранжманот го направија заедно со Драги Иванов кој исто така стои зад миксот.

„Не сум твој сон“ има и свој видеозапис режиран од Александра Костадиновска, снимен од Дарко Митев, монтажата е на Дарко и Александра. Главната улога во спотот (покрај Дина) ја игра Лука Тошев, кој надвор од оваа улога е клучен член во бендот што ја придружува Дина на сите нејзини настапи во живо.

Инаку, Дина Јашари е добитничка на регионалната музичка награда „Милан Младеновиќ“, што се доделува во чест на покојниот фронтмен на „Екатарина Велика“. Јашари беше наградена за песната „Дома“ од нејзиниот истоимен миниалбум објавен во 2022 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.