Водечкиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, осуден за измама и непочитување на судот, денеска потврди дека е префрлен во друг затвор и ставен во карантин.

Навални на апликацијата Телеграм напиша дека е префрлен во затворот со максимално обезбедување, во селото Мелехово во Владимирската област, на околу 250 километри источно од Москва.

 

 

Најпознатиот руски противник, Владимир Путин, досега беше во казнена колонија во градот Покров во Владимирската област, познат по исклучително строгите правила за затворениците.

Навални (46) изјавил дека сега е во „строг режим“ и во карантин, без да наведе зошто и какви услови има.

Тој беше уапсен во јануари 2021 година по враќањето од Германија, каде што пет месеци закрепнуваше од труење со нервен агенс за кој го обвинува Кремљ. Тој беше осуден на две и пол години затвор за наводно кршење на условната казна додека бил надвор од Русија.

Во март 2022 година, Навални беше осуден на девет години затвор за измама и непочитување на судот, што тој го опишува како политички мотивиран обид на руските власти да го задржат зад решетки што е можно подолго.

Новата пресуда против Навални беше донесена во време на остра конфронтација на Кремљ со неговите поддржувачи, други опозициски активисти и независни новинари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.