Еден член на групата „Грчка инфо“ го постави прашањето „Дали може да се помине денот на море со 10 евра?“ и доби голем број потврдни одговори.
Секако дека може. Донесете си храна од дома, наполнете го фрижидерот, купувајте по пазари. Некои денови одете на лежалки, некои не, секогаш имате гиро за богат а евтин ручек. Доволно е ако знаете да уживате. Море, сонце и сенка. Во моето семејство сме петмина, во просек се доволни 10 евра по човек, т.е. 50 евра дневно, напишал еден корисник.
Други потенцираа дека е многу важно да се пазари во маркет и да се подготвува храна во апартманот, а други додаваат дека голема заштеда е ако ги избегнувате лежалките и бич баровите. Има и такви кои веруваат дека најдобар начин да заштедите е навечер да не излегувате по кафулиња, туку да пиете на тераса.
Шампион на штедење пензионерката Љубица, која тврди дека само 10 евра дневно и се доволни за целиот одмор, поточно 11 дена на море.
Секако дека е можно. Јас и мојата пријателка ставаме 10 евра во заеднички паричник и тоа е тоа секој ден. Доволно е за 11 дена. Пиеме кафе во апартман, не јадеме леб, не пиеме сокови или други пијалоци, купуваме кисело млеко, зеленчук и овошје, а од дома носиме сувомеснато и готвиме нешто набрзинка. Верувале или не, никогаш повеќе не сме потрошиле. Но, сепак, ние сме пензионерки, а младите сигурно имаат поинакви потреби, вели таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.