Зоки, не го тупи со деманти, никој не лаже повеќе од тебе, туку те боли ли сега што не извади од бомбите за Али, те пече ли јако?!
Сега со право ќе те брцаат.

Вака Ивор Мицковски му се обраќа на поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев, кој излезе од сенка за да ги демантира наводите на Али Ахмети дека тројцата, заедно со Никола Груевски, имале тајни средби во врска со измените на Кривичниот законик.

Изјавата на Заев за ТВ 24 следуваше, откако претседателот на ДУИ во интервју за ТВ 21 рече дека изминативе неколку години имало неколку тајни средби меѓу тогашните лидери на најголемите партии во врска со измените на Кривичниот законик, со кои, меѓу другото, се намалуваат казните за злоупотреба на службената положба.

Не е точно дека сум имал тајни средби со Ахмети и Груевски и сум договарал измена на Кривичниот законик. Изјавата на Ахмети не е вистина, вели Заев во изјавата за ТВ 24.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.