На народот разочаран од недостаток на правда, правна држава, достоинствен живот, и перспектива, уште му импутирате дека е предавник, албанофоб, руски бот или платеник.

 

Има такви да, ама огромното мнозинство не заслужува слични етикети од криминална и коруптивна коалиција, која ништо не испорача, ниедно ветување не исполни, ништо не подобри.

 

По седум години власт, најлесно ви е да инвестирате во поделби и жалопојки, каде што, како и секогаш, некој друг е крив, а вие сте жртвите, коментира аналитичарот Ивор Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.