На брифигот со новинарите лидерот Мицкоски беше прашан за оптимизмот на власта дека ќе успее да обезбеди двотретинско мнозинство за уставни измени.

Мицкоски објасни дека по ова прашање имаат принципиелен став а тоа дека нема да дадат поддршка бидејќи тоа не го ветиле на граѓаните.

-Ние не излеговме на избори дека ќе менуваме Устав.Тоа што ќе направиме по ова прашање ќе го кажеме во кампања и граѓаните ќе одлучат дали ќе ни дадат поддршка-јасен е лидерот на опозицијата.

Во врска со најавите на шефот на дипломатијата Бујар Османи дека од следната недела ќе почнат интензивни разговори за спроведување на измените од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека тие немаат проблем да учествуваат на такви средби доколку бидат поканети, но оти на нив ќе го повторат ставот којшто веќе е познат во јавноста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.