ВМРО-ДПМНЕ не молчи, ВМРО-ДПМНЕ ве повикува да свртите 192 и да го прашате Спасовски што работи, освен кога не штити нарко трафиканти и дилери, велат од партијата.

Што работи Спасовски освен што е партнер на криминалците? Дали МВР има време да се занимава со безбедноста на граѓаните, кога е зафатена со прикривање на случаи како дивеењето на синот на заменик министерот Буши или кога нивни командири како тој во Прилеп се фатени во наркотрговија?

Со Спасовски МВР стана партнер на криминалот, и се понижени сите професионалци во службата.

Срам за власта е што таа со месеци не може да открие кој стои зад лажните дојави за бомби и да го спречи таквиот чин, кој внесува немир и несигурност кај граѓаните.

Зошто МВР не реагира соодветно и не ги спречи дојавите за бомби, и дали свесно остава простор за да се шири паника? Дали Спасовски свесно молчи и со тоа влијае на создавање на уште поголем хаос, во кој криминалците ќе може да дејствуваат?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.