Актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски излезе да го признае поразот на изборите. Тој рече дека резултатите не се такви какви што ги очекувале и дека разликата мислеле дека ќе биде околу 130.000 гласови.
Но, она што беше забележително е што Пендаровски излезе сам пред новинарите и до него не беше лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски.На спротивната страна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше рамо до рамо со својот кандидат Гордана Силјановска-Давкова.
Само неколку минути подоцна на прес се појави и Ковачевски кој рече дека граѓаните ги казниле и оти тоа го прфатиле.
Зад Ковачевски беа само носителите во шесте изборни единици.Од Пендаровски немаше ни трага ни глас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.