Амбасадорката на САД во Македонија Анџела Агелер децидна е дека е потреба поголема храброст во борбата со корупцијата во земјава. Таа во интевју за ТВ21 вели дека сега е одлично време да се постави прашањето за борба со корупцијата, алудирајќи на тоа дека земјава се наоѓа во предизборен период.
Потребна е храброст. Забележав… Знам дека на некои луѓе ова им е одвратно, но јас многу зборувам за ова. Ова е еден од тие аспекти за кои луѓето зборуваат, но некако се помирени со ситуацијата, вели амбасадорката Агелер во интервју за ТВ21.
Таа додава дека во САД често се вели дека во демократско општество луѓето ја добиваат владата што ја заслужуваат.
Потребно е граѓаните да излезат на гласање, да поставуваат прашања и да бараат отчет од луѓето. Тука мислам на луѓето кои работат во владата и судството. И во судството е потребно да има обвинители, судии, истражители, спроведувачи на законот кои ќе речат: „Доста е“, вели амбасадорката Агелер во интервју за ТВ21.
Таа потенцираше дека САД многу пари вложува во македонското судство.
Многу пари се вложуваат, но кажете ми за резултатите, заклучува амбасадорката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.