Зоран Заев победи на изборите во СДСМ, се коментарите на социјалните мрежи откако опозициската партија објави дека избра нов лидер, Венко Филипче.

Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија, вели во реакцијата по изборите за лидер на СДСМ Славјанка Петровска, која се повлече од лидерската трка.

Ова се само дел од показателите дека има незадоволство од изборот на Филипче за лидер на СДСМ. Повеќемина сметаат дека ништо не е сменето во СДСМ. Истиот волк во ново руво.

А пред СДСМ вечерва се повторува сценариото од тунелите. Филипче со зурли и тапани влезе во штабот на СДСМ за да ја прослави победата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.