Советот на општината Лозово денеска со седум гласа „за“ и два против го усвои предлогот 16-крако жолто сонце со десет сини цвета во внатрешниот дел на црвена подлога да биде официјално знаме на општината. Предлогот беше поднесен од Зоран Иванов, советник од ТМРО, објави претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански.

За предлогот гласаа тројца советници од ВМРО-ДПМНЕ, тројца од СДСМ и советникот Иванов. Против беа советникот од ЛДП-ДОМ, како и независниот советник, велат од ТМРО.

Тргнувајќи од историскиот факт дека Република Македонија 1991 е конституирана како матична држава на македонскиот народ, наша должност како Македонци е да го чуваме и негуваме македонскиот идентитет и обележјата на секаде, вклучително и општините. Очекуваме советниците да го изгласаат македонското 16-крако сонце за знаме на Општината или во спротивно со референдум тоа ќе го направат жителите“, пишува во предлогот на ТМРО.

Велигденскиот подарок за Македонците каде и да се. Сакам да ве известам дека денес успеавме и ова е за прв пат во Македонија ,Македонскиот национален симбол да биде официјален во една општина. Се надевам дека предлогот на ТМРО ќе биде прифатен и во други општини“, напиша Шехтански на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.