Машинеријата на СДСМ и ДУИ ги активирала сите можни ресурси во обид да го прекинат штрајкот, пишува проф. Весна Јаневска.

Кога Владата би можела да се чуе со ушите на штрајкувачите би се засрамила од самата себе и од изјавите на поединци, кои се во спротивност на законите во Македонија. Одлуката за исплата само на придонеси за време на штрајк е незаконска и ништовна!
Покрај тоа УСТАВОТ НАД СЕ’. Штрајкот е уставно право на работниците. Дополнително: Член 40, покрај другото, вели дека родителите имаат право и должност да се грижат за издржување и воспитување на децата.
Господине, народен правобранител НАСТАВНИЦИТЕ СЕ РОДИТЕЛИ! Имаат право да се грижат за своите деца. Нивните деца бараат леб, исто така!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.