Знаме со картата на т.н. „голема Албанија“ денеска повторно се вееше во Општина Тетово. Овој пат знамето беше истакнато додека тетовскиот градоначалник Билал Касами промовираше новоасфалтирана улица.

Касами потоа даваше изјави за медиумите и се фотографираше додека во заднина се вееја знамето на „голема Албанија“ и албанското национално знаме. Тој изјави оти знамињата кои се најдоа на денешниот настан ги поставиле граѓаните како „одговор на провокациите од власта“.

Не само јас ниту граѓаните не се плашат од ваквите уцени, луѓето веќе се убедени дека мора да има промени на централна власт за да имаат подобри услови во иднина“, изјави Касами оценувајќи дека прекршочните пријави кои беа поднесени против него и Општината поради непочитувањето на Законот за употреба на грбот, знамето и химната на РСМ се политичка порака до него.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.