Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини потенцираше дека заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните се високи приоритети за оваа Влада и ги презентираше конкретните чекори во таа насока.
„Животната средина како никогаш досега е високо котирана во стратешката агенда на Владата на Република Македонија. Интензивно се работи на вложувања во зелени и обновливи извори на енергија. Во овој сектор секако дека имаме потреба од долгорочна стратегија. Првите резултати на нашите сеопфатни заложби веќе ги гледаме. Отпочна чистењето на депонијата со линдан кај ОХИС и продолжува зајакнување на контролата преку Законот за инспекции и надзор за животна средина. Во иднина сме подготвени за нови нормативи, за измена на Законот за води, Законот за климатски промени за да ги подигнеме стандардите за одржлив развој и чиста животна средина“, истакна министерот Нуредини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.