Народниот правобранител Насер Зибери на денешната прес-конференција кажа дека имало повредување на правата на граѓаните кои не можеле да извадат лична карта и државјанство.

Според него има прашањето има две димензии.

Првата е неможноста во дадениот законски рок сите граѓани да ги сменат личните исправи, за што се создаде голема редица во просториите каде се издаваат, за што МВР беше принудено да отвори дополнителни пунктови. За жал тој процес тешко се одвива и дека Министерството тешко ќе стигне навреме да ги удоволи сите барања – рече Зибери.

Според Народниот правобранител, втората димензија е трошокот за издавање на овие исправи.

Тој вели дека укажал на неколку наврати дека трошоците треба да ги сноси државата, кога граѓаните поднеле барање за нови исправи, а им биле издадени со стариот образец, по стапување на сила на измените на Уставот.

За обновување на овие исправи за сите граѓани кои поднеле барање за издавање на нови исправи, а им се издадени исправи со стариот образец со името Република Македонија, по стапување на сила на измените на Уставот требаше да ги сноси државата, бидејќи не по нивна вина, овие исправи иако се важечки и валидни стануваат неважечки од 24 февруари 2024 – додаде Зибери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.