Платформата за родова еднаквост изразува сочувство до семејството на пациентката од Прилеп и најостро реагира на негрижата на државата и здравствените институции при груба повреда на човековите права и на флагрантно кршење на законите во државата како директна причина за настанатата смрт.
Имено, според информацијата пласирана во јавноста, постојат индикации за кршење на законите во однос на обезбедување соодветни санитарно-хигиенски услови во здравствена установа, отсуство на примена на соодветни хигиенски мерки чија директна последица е смрт кај пациентката. Ова укажува на сторено тешко кривично дело против здравјето на луѓето, што за жал се повторува повеќе пати изминатиот период во нашата држава. Пациентката после изведена киретажа во прилепската болница била испратена на домашно лекување, за веќе следниот ден да се врати со сериозно влошена состојба и после препраќањето на Инфективната клиника во Скопје да настапи смрт. Ова било причина да се затворат операционите сали во прилепската болница и да се испратат брисеви на испитување. Она што сериозно загрижува и не смее да помине без одговорност, е сомнежот за присуство на многу ретка и опасна интрахоспитална бактерија во здравствената установа, реагираат од Платформата за родова еднаквост.
Од Платформата за родова еднаквост потстуваат дека иако, според известувањето од болницата, е започната процедура за проверка на присуство на интрахоспитална бактерија, немаше официјално известување од Министерството за здравство, ниту информација за постапување на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Овој случај е, за жал, кулминација на континуираното известување во врска со лошите болнички услови и немањето пристап до квалитетни услуги и грижа за сексуално и репродуктивно здравје во нашата држава. Неодамна веќе реагиравме за случајот со Јелдз Веапоска, во кој, шокантна беше објавената констатација дека не постои лекарски пропуст или грешка кај гинекологот Мухамед Асани, кој и натаму е директор на струшката болница и сопственик на нерегистрирана гинеколошка ординација.
Имајќи го предвид сето ова, Платформата за родова еднаквост бара под итно:
– Целосна транспарентност и објавување на резултатите од испитувањето на бактериолошката состојба на просториите во болницата во Прилеп;
– Министерството за здравство да излезе со соопштение и да превземе одговорност во врска со случајот и во врска со санитарно-хигиенските услови во здравствените установи државата;
– Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши инспекциски надзор и да ја извести јавноста за резултатите.
Организации-членки:
1. Tiiiit! Inc.
2. Бори се женски
3. Женска граѓанска иницијатива АНТИКО
4. Здружение женски форум
5. Здружение за еднакви можности Семпер
6. Здружение за локален рурален развој
7. Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје
8. Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска
9. Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ
10. Здружениезаедукативенразвој ЕКВАЛИС
11. Институтот за општествени и хуманистички науки
12. Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници МАРГИНИ Скопје
13. ЛезФем
14. Мрежа за заштита од дискриминација
15. Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство
16. Националниот совет за родова рамноправност
17. Организација на жени на град Скопје (ОЖС)
18. Организација на жените на општина Свети Николе
19. Организација на жените “Кумановка“
20. Реактор – Истражување во акција
21. Рурална Коалиција
22. Стела
23. ТАКТ
24. Хелсиншки комитет за човекови права
25. Х.Е.Р.А.
26. ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
27. Хуманитарно Здружение „Мајка“
28. Центар за истражување и креирање политики (ЦРПМ)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.