Зградите на Владата и на Министерството за надворешни работи вечерва се обоени во боите на Европската унија во знак на денешниот официјален почеток на пристапните преговори.
Денес во Брисел запишавме ново поглавје во македонската историја и ветуваме дека забрзано ќе чекориме кон дополнителен развој и стабилност за сите наши граѓани. Европските вредности се наши вредности а пријателствата кои ги градиме создаваат нови културни мостови и можности за сите нас.
Обединети сме во различностите и подготвени за ЕУ дома и Македонија во ЕУ. Во таа чест вечерва зградите на Владата и Министерството за надворешни работи се обоени во боите на нашиот иден дом – Европската Унија, пишува на официјалната фејсбук страна на Владата.
И министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук напиша дека зградата на Министерството за надворешни работи е во боите на Европската Унија како симболика на денешниот официјален почеток на пристапните преговори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.