Централниот регистар ја впиша струмичката градежна фирма „Синерџи груп инженеринг ДОО“, основана лани, како сопственик на телевизијата ВИС.
Една од најстарите локални телевизии во земјава, ВИС, која од 2013 година зрачи како регионален медиум на југоистокот од земјава, од пред една недела има нов сопственик, пишува порталот „Призма“.
Централниот регистар ја впиша струмичката градежна фирма „Синерџи Груп Инженеринг ДОО“, основана лани, како сопственик на телевизијата.
А сопственици на фирмата, која, од сега веќе претходниот сопственик Јанко Мицев, ја купи телевизијата се Васко Јорданов и Никола Милушев.Никола Милушев е зет за сестра на струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов.
Повеќе на „Призма.мк“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.