Пратеникот Фадиљ Зендели, говорејќи во името на Aлбанската опозиција нагласи дека првиот вицепремиер Артан Груби го персонализирал овој коридор, што морало навреме да се направи, но според него, сега проектот врие поради до конфликт на интереси, бидејќи двете компании се најголемите донатори на ДУИ.

„Компаниите ЕУРОВИА и АК ИНВЕСТ се најголемите донатори на ДУИ, тој дури и го злоупотребува присуството на амбасадорката за да прикрие вакви корупциски скандали. Народот чека одговори за ваквите случувања. Дали Артан Груби и кажал на американската амбасадорка Анџела Агелер дека го злоупотребува нејзиното присуство за да покрива нови скандали со партиски донатори на ДУИ? Колку милиони евра ќе се слеат на сметките на „Еуровиа“ и „АК ИНВЕСТ“? Колку од тие средства ќе се слеат на сметката на ДУИ, а колку во џебовите на некои клиентелисти инсталирани околу Али Ахмети-вели Зендели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.