Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрираше земјотрес 65 километри југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Свети Николе – Штип, информираат оттаму.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, како што соопштија, земјотресот се случи во 11 часот и 31 минути со Рихтерова локална магнитуда ML1.9 и интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Штип и околината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.