Обвинителството денеска информираше дека е отворена истрага против генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири и двајца хрватски државјани, за наводна проневера на 145.000 евра. Поточно истрагата е отворена поради сомнеж за незаконски договор за консултантски услуги.

Како што дознава „Фокус“, од добрупатени извори, станува збор за договор поврзан со Македонски Пошти, поточно за изработка на фезибилити студија за приватизација на Пошти.

Оваа физибилити студија беше најавена од Владата кон крајот на 2020 година потребна за продажба на Македонски Пошти. Односно од неа требаше да се утврди дали ќе се оди со приватизација или со јавно приватно партнерство.

Владата ги задолжи заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, министерот за економија и директорот на Национални пошти да иницираат поодготовка на физибилити студија за можностите за отпочнување на постапка за преземање на компанијата со јавно-приватно партнерство или со приватизација за да продолжи процесот на либерализација на поштенските услуги во земјата согласно регулативата на ЕУ, се наведуваше во владиното соопштение од 2020 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.