Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, не знае дека против него се води истрага за злоупотреба на службената положба и овластување.

Тој во кратка изјава за „А1он“ вели: „Нема такво нешто“.

На прашањето дали знае дека за него е побаран и притвор, тој рече: „Не, не“.

Претходно од ОЈО соопштија дека предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца хрватски државјани и еден државјанин на Македонија.

Според опишаните дејствија во наредбата, постои основано сомнение дека првоосомничениот – висок функционер во Владата во својство на службено лице сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. ст.3 в.в. ст.1 од КЗ на РМ, за што му помогнале останатите двајца осомничени, велат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.