Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, денеска ги продолжува интензивните теренски активности во повеќе општини и населени места.

Социјалдемократска вредност е заштитата на националниот и на етничкиот идентитет, кои се само едни од низата идентитети што ги има секој поединец во едно општество, порача Зечевиќ на работен состанок со партиските членови и симпатизери на СДСМ во Македонски Брод.

Генералниот секретар додаде дека во оваа насока е поставена и политиката на државотворната партијата СДСМ за европска интеграција, врз основа на највисоките национални и државни интереси.

Во оваа смисла го гледам и европскиот стремеж на македонскиот граѓанин кој се бори за прифаќање и интеграција на македонскиот во комплексниот европскиот идентитет. Тоа е наша социјалдемократска вредност и политика, да обезбедиме суштинска интеграција во Унијата за подобар живот со почитувањето на сите обележја што го прават Македонецот тоа шти бил низ историјата, тоа што е сега и тоа што ќе биде во иднина, рече Зечевиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.