Здружението на лекари по општа и семејна медицина (ЗЛОМ СМ ) дава апсолутна подршка на младите дипломирани доктори да се изборат за своите права.

Во време во кое имаме егзодус на кадар незамисливо е докторите да чекаат три месеци одговор за платена пракса.

 

Министерството за здравство мора да изнајде модел како ќе ги забрза кабастите административни процедури и да се прекине со моделот на спори процедури и изготвувања на решенија со месеци, велат до Здружението.

Оттаму велат дека дипломираните доктори треба да се гледаат како кадар кој треба да работи во нашата земја и кадар кој ќе ги замени лекарите кои заминуваат во пензија, а не со комплицирани административни процедури насила да ги истераме сите млади лекари надвор од земјата, во Европските земји каде добиваат платени специјализации а по завршување на истите ги чека работа.

Од еднастрана се жалиме дека немаме кадар ниту во примарно здравство ниту во секундарното и терциерното здравство, а завршени кадри три месеци чекаат одговор за платена пракса. Пракса која е влезена како задолжителна во закон за добивање на специјализации. Од тука се поставува прашањето чим е нешто облигаторно и задолжително зошто тогаш се чека за било какви одобренија и решенија со месеци.

 

Се надеваме дека Министерството за здравство ќе се заземе на страната на младите лекари и ќе ги решава сите прашања во разумен временски рок, а не со месеци, се вели во реакцијата на Здружението на лекари по општа и семејна медицина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.