Д-р Стефан Трајановски, претседател на Комисија за здравство на ОК Куманово на отворената седница порача дека здравството во Куманово не може и не треба да биде маргинализирано од централната власт.

Во кумановското јавно здравство има мал број на рентгенолози, анестезиолози, специјалисти по трансфузиона медицина, а воопшто нема торакален, васкуларен или неврохирург.
Во однос на дијагностичките процедури нема магнетна резонанца, додека едниот апарат за компјутерска томографија е неисправен, поради што долго се чека на термин за преглед и за дијагностика, вели д-р Трајановски и додава:

ВМРО-ДПМНЕ има знање и капацитет и ќе иницираме проекти за проширување на здравствени услуги кои ги пружа и Општа болница Куманово и Здравствен дом Куманово. Ќе иницираме пополнување на недостатоците во кадровските и техничките капацитети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.