По речиси шест часа завршија внатрепартиските консултации во Демократската унија за интеграција (ДУИ) во партиското седиште во Мала Речица, а одлуките ќе се носат утре на состанок на Централниот совет на ДУИ.

Партискиот портпарол Бујар Османи по завршување на средбата рече дека консултациите на членовите на претседателството со партиските ограноци била конструктивна.

Имавме неформална консултативна средба на претседателот Ахмети, со претставници од партијата од различните ограноци во подготовка за утрешниот состанок на Централниот совет, каде ќе се донесат одлуки за формирање на Централното претседателство и другите органите на партија. Претседателот Ахмети правеше индивидуални средби овие денови, меѓутоа веќе во два наврати средби со повеќе функционери од партијата со кои се разменуваа ставови, консулатации како утре да се донесат одлуките на Централниот совет. Мислам дека целата средба помина во најконструктуивна атмосфера, во една атмосфера на соработка, на унифицираност, на спремност на партијата за нови победи, изјави Бујар Османи.

Во Тетово утре ќе се одржи состанокот на Централниот совет на ДУИ. Треба да се изберат генерален секретар, организациски секретар и нови потпретседатели, со мандат до следниот конгрес.

Реорганизацијата во партијата почна откако на 24 септември дел од партијата на чело со Изет Меџити побара реформи во ДУИ, а одредени функционери да понесат одговорност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.