На граничниот премин кон Бугарија, „Деве Баир“, од утрово има засилена полициска и гранична контрола, но протокот на патници за влез во државата е речиси минимален, јавува МИА.

Од Министерството за внатрешни работи – Регионален центар за гранични работи „Исток“, информираат дека нема никакви организирани групи бугарски државјани кои досега ја минале границата, по повод чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев.

Од утрово од 7 часот досега во државата влегоа само дваесетина странски туристи кои транзитираат низ Македонија и тоа со организиран меѓународен автобуски транспорт, додека пак, други лица сѐ уште не влегоа во државата низ овој граничен премин.

Фреквенцијата на патници кои излегуваат од државата е нешто поголема, но вообичаена кога станува збор за викенд патувања.

Претежно минуваат возила од Скопје и останатите градови во земјава кои се упатуваат кон зимските туристички центри во Бугарија, а регуларен е и протокот на патнички товарни возила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.