Во мојата последна колумна му се обраќам на бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков, кој беше амбасадор на Бугарија во Букурешт и каде имавме комуникација, вели Благој Зашов, поранешен амбасадор, во „Студио 10“ на ТВ24.
Јас од Милков очекував нешто друго, мислев дека ќе се однесува како дипломат и ќе се обиде да се најдат дипломатски а не политички решенија со Македонија. Тој е искусен дипломат и моите очекувања беа дека ќе ја смири топката. За мене е неприфатило тоа што го нападна нашиот претседател. Милков може да разговара со својот колега Османи, но не и во тој тон да му се обраќа на претседателот, вели Зашов.
Инаку, Милков доаѓа на позицијата министер за надворешни работи на Бугарија од позицијата амбасадор во Франција.
Како амбасадор сум имал посебна почит кон амбасадорите од соседните земји. Со Милков долги разговори сме воделе за Балканот и сега и во минатото. И ние се разбиравме и за причините и за последиците од тие три војни кои Бугарија ги водеше и ги изгуби оти беше на погрешната страна. Но, причината зошто Бугарија постојано била на погрешната страна во војните е Македонија, односно Бугарија била на страната на оние кои ѝ ветувале дека ќе ја добие Македонија, вели Зашов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.