Се води тивка битка во партиските крила на СДСМ кој ќе го наследи Виктор Димовски откако ќе замине за анбасадор во Франција.
Најсериозни изгледи да седне во фотелјата на Димовски, откако претходно власта не го усвои неговиот предлог за наследник, има Заре Милошевски, началник по екстремизам во Директоратот за операции.
Милошевски важи за човек на генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ.
Тој станува началник во поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање во 2007 година, кога директор е Сашо Мијалков, а подоцна во УБК се вработува и неговата сопруга, а во Управата претходно со години ра боти и неговиот татко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.