Сопругата на премиерот Димитар КовачевскиЕлена, во Њујорк присуствуваше на прием организиран од првата дама на Турција Емине Ердоган во рамките на промоција на иницијативата “Нула отпад”, соопштија од Кабинетот на премиерот.

Ова е прво протоколарно појавување во јавноста на сопругата на премиерот. Таа го придружува Ковачевски на Генералното собрание на Обединетите нации.

Сопругата на премиерот, која го придружува на Генералното собрание на Обединетите нации, за првпат протоколарно се појавува во јавноста. Елена Ковачевска во оваа пригода носеше фустан-креација на македонската дизајнерка Тања Кокев.

Фотографии од приемот се споделени и на инстаграм-профилот на Емине Ердоган, која повеќе години ја застапува иницијативата. „Нула отпад“ цели да ја подигне свеста за потребата од целосно елиминирање на отпадот и заштита на животната средина со цел да се остави чист свет за идните генерации.

На приемот се и сопругите на лидерите на Латвија, Јужна Кореја, Естонија, Литванија и Франција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.