Неодамна започна реконструкцијата на улицата „Гошо Викентиев“ во Кочани, во должина од 340 метри.
Изведувач на градежните работи е компанијата „Ленди Груп“. Работните активности освен реконструкцијата и асфалтирањето на улицата, вклучуваат и менување на ивичњаци и изградба на тротоарски површини. Реконструкцијата на улицата е финансирана од Светска банка, соопштија од Општината.
На улицата „Гошо Викентиев“ претходно беше извршена замена на постојната водоводна линија и поставен нов атмосферски одвод, со поставување нови сливни решетки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.