Целосен хаос се случува во здравството, луѓе умираат чекајќи лекови, министри се менуваат како чорапи, нема плата за здравствените работници, а најново е тоа што хакери ја рекетираат државата и баараат откуп, вели ВМРО-ДПМНЕ

Замислете, хакери ја уценуваат владата на Ковачевски, бараат откуп, за да ги вратат назад податоците на граѓаните од веб страната на Фондот за здравство.

Македонското здравство е во целосен колапс, а само пред неколку години СДС ги лажеше граѓаните, дека ќе имаат бесплатни здравствени услуги во ЕУ. Ковачевски не може да обезбеди нормални здравствени услуги во Македонија, а камоли во ЕУ.

Оваа неспособна власт треба да се самораспушти час поскоро, граѓаните го бараат тоа, се вели во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.