Според податоците на општинската Дирекција за образование, второто полугодие од учебната година на територијата на Гостивар започна со околу 200 деца помалку во училишните клупи.

Во втората половина од годината бројот на ученици во училиштата е намален за околу 200, а причината е заминувањето во странство“, нагласуваат од Дирекцијата.

Речиси 10.000 ученици учат во основните и средните училишта во Гостивар.

Со слична трагедија се соочуваат и штипјани, бидејќи 50 ученици од основните и од средните училишта во овој град вчера не го почнаа второто полугодие во учебната 2023/2024 година поради тоа што заедно со семејствата се преселиле во странство.

Раководителот на Секторот на образование во Општина Штип Снежана Санева вели дека оваа бројка не е мала.

Според податоците на училиштата, во второто полугодие во средните училишта ќе има помалку 26 ученици, а во основните училишта оваа бројка е 24.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.