Четириесет и тригодишниот Едмонд Амзаи, познат фотограф од Гостивар и сопственик на фото-студиото „Акон“, денеска загинал во тешка сообраќајна несреќа во Велес, пренесоа медиумите на албански јазик.

Зад себе остави сопруга и син.

Албанските партии најавија дека ги прекинат активностите на претседателската кампања.

Почитувани медиуми, ве известуваме дека митингот на коалицијата „Вреди“ закажан за вечерва во Гостивар во 20:30 часот ќе биде одложен бидејќи во текот на денот во сообраќајна несреќа животот го загуби младиот гостиварец Е.А., а како знак на почит ги откажуваме сите активности за денес. До семејството, пријателите и сите жители на Гостивар, изразуваме искрено сочувство!, велат од „Вреди“.

 

Потресени од веста за несреќата во која животот го загуби младиот гостиварец, со длабока тага изразуваме искрено сочувство до семејството. Воедно, ве известуваме дека општинските штабови на ДУИ во Гостивар и на Европскиот фронт ги прекинуваат предизборните активности за денеска и утре, соопштија од огранокот на ДУИ во Гостивар.

 

Потресна и неверојатна вест за прераната смрт на младиот гостиварец Едмонд Амзаи. Во овие тешки моменти сме со семејството, сопругата и пријателите и изразуваме најискрено сочувство за оваа незаменлива загуба. Ве известуваме и дека седиштето на Алијансата за Албанците – Гостивар ги откажува сите предизборни активности до понатамошно известување. Тагата и болката се големи за оваа трагична загуба. Почивај во мир драг Едмонд, соопштуваат од АА и Зиадин Села.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.