Раководството на ДУИ по четири години откри детали за договорот помеѓу тогашниот премиер Зоран Заев и лидерот Али Ахмети. Артан Груби, кој сака да се нарекува прв вицепремиер, од Косово ја кажа вистината за договорот меѓу Заев Ахмети во Клубот на пратениците тој 18 август 2020 година по парламентарните партии.
По лидерската средба Заев и Ахмети излегоа насмеани и објавија дека се договориле последните сто дена премиер ќе биде Албанец што ќе го предложи ДУИ а техничката Влада ќе се укине.
Јас ја добив честа да бидам претседател на владата во полн 4-годишен мандат. Покажав доблест, како градење на доверба, сите на 100 дена пред пред избори да бидат рамноправни, коалиционите партнери на предлог на ДУИ ќе го постават премиерот кој 100 дена ќе ја води владата“, рече тогаш Заев.
Ахмети пак му се воодушевуваше на храброста на Заев.
Идејата беше за доближување, порака за преземање на одговорност од Албанците за заедничка држава. Мора да му признаам на Заев за храброста и поздравувам дека ќе има Албанец премиер во последните 100 дена од оваа Влада“, рече Ахмети пред три години.
Но, не било само договор туку имало и црно на бело кој досега се криеше.
Во коалицискиот договор што го постигнавме, Заев се соагласи во последните 100 дена тој да ја напушти Владата и да биде заменет со Албанец на функцијата премиер. Тоа и го напишавме и е потпишано, но и самиот Заев со изјава го потврди тоа што е договорено“, рече завчера Груби за косовската телевизија Дукаѓини.
Дека планот „Псе јо“ e во напредна фаза и оти може да се очекува наскоро премиер Албанец покажа и новата кампања. Слоганот „Да, тој доаѓа“ според познавачите на состојбите во ДУИ го најавува доаѓањето на првиот премиер Албанец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.