Не точно дека сум имал тајни средби со Али Ахмети и Никола Груевски за кривичниот законик, вели вечерва за ТВ 24 поранешниот премиер Зоран Заев по изјавата на неговиот екс коалициски партнер Ахмети дека на тајни средби се догаварале контроверзните измени на КЗ со кои паѓаат во вода делата за кои се гонат функционери.

Не точно дека сум имал тајни средби со Ахмети и Груевски и сум договарал измена на КЗ. Изјавата на Ахмети не е вистина – вели Заев.

Ахмети во интервју за ТВ 21 кажа дека имало неколку тајни средби изминативе неколку години и начелни договори, последен од нив се повлекол актуелниот претседател на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.