En Marchе! En route!
Денеска од трибина од Струмица организирана од Амбасадата на Франција му честитав нов мандат на претседателот Макрон – реков дека тој донесе нова победа на европските вредности над заканите кои национализмот ги носи врз Европа, порача преку „Фејсбук“ поранешниот премиер Зоран Заев и ја покажа кацигата потпишана од францускиот претседател.

Постојано се навраќам и се сеќавам на убавиот спомен и на пораката „По патот, напред!” испишана со негов ракопис на една од нашите средби.
Кога треба да се донесе одлука меѓу либерализам наспроти конзервативизам, ние левичарите имаме само еден избор – тоа е либерализамот – слободата, отвореноста, современоста.
Во мојот говор во Атина пред неколку дена реков дека ја оспорувам тезата дека десницата или крајната десница владеела со Европа. Ниту Макрон во Франција е десница ниту партијата на Голоб во Словенија која ги доби парламентарните избори во неделата е десница.
Се радувам на овие гласни крикови кои носат победа на европската слобода, порача Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.